за мене
олга дервенџи
основач на регула | Дервенџи Метод | Свесна регулација
„Луѓето не се машини што функционираат по план за исхрана. Повеќето знаат што треба да направат, но не успеваат да го применат тоа во реалниот живот.“
Тука започнува мојата работа.
за Олга
олга дервенџи
основач на regula | Дервенџи Метод | Свесна регулација
„Луѓето не се машини што функционираат по план за исхрана. Повеќето знаат што треба да направат, но не успеваат да го применат тоа во реалниот живот.“
Тука започнува мојата работа.
Зошто постои REGULA
Планот за исхрана не е коучинг. Коучингот е процес што го менува начинот на функционирање. Создава нов однос со храната.
Повеќе од 20 години работа со луѓе, организации и системи, постојано го гледав истиот образец: луѓето имаат знаење, но немаат систем што функционира во секојдневието. Не затоа што немаат дисциплина, туку затоа што реалниот живот не функционира по правила.
REGULA настана од таа потреба: да се поврзат знаењето и реалниот живот. Не како уште еден план, туку како пристап што функционира во динамика, под стрес и во услови што не се идеални.
Јас сум сертифициран нутриционистички коуч според Precision Nutrition (PN1-NC), еден од водечките светски системи за исхрана и коучинг. Методологијата се развива повеќе од 20 години и е применета кај над 150.000 луѓе. Нејзината суштина е едноставна: фокус на однесување, не само на храна.
Денес, преку REGULA, работам исклучиво 1:1, со структуриран процес прилагоден на секој човек, неговото секојдневие и темпо. Не работиме на совршенство. Работиме на стабилност, на начин на функционирање што останува и кога условите не се идеални.
Пред Regula
Мислев дека јадам правилно. Мислев дека правам сè како што треба. Но резултатот не доаѓаше. Истите неколку килограми вишок, и покрај трудот и дисциплината.
Кога почнав да ги применувам принципите што денес ги користам во работа со клиенти, работите почнаа да се менуваат. Не затоа што најдов подобра диета, туку затоа што го сменив односот со храната.
Денес јадам без рестрикции и без постојана контрола. Одлуките се поедноставни. И најважно: грижата околу храната ја нема. Немам повеќе чувство на вина. Нема повеќе почнувам од понеделник.
Токму затоа постои REGULA.
1:1 коучинг процес – 12 недели – Во твојот реален живот.
Ако сакаш да видиш каде се наоѓаш ти во моментов, направи го тестот. Без обврска.