Одрекување од одговорност

ВОВЕД

Ве молиме внимателно да го прочитате овој документ во целост пред да пристапите кон користење на услугите за нутриционистичко советување понудени од Друштво за услуги ДЕРВЕНЏИ МЕТОД ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст: „Давател на услугата“ или „Ние“).

 

Со пристапувањето, регистрирањето, пополнувањето на прашалници или на кој било друг начин на користење на Услугите, Вие потврдувате дека сте ги прочитале, целосно ги разбрале и неотповикливо се согласувате со сите услови и одредби содржани во ова „Одрекување од одговорност“(во натамошниот текст: „Услови“) и давате согласност за користење на дадените информации исклучиво за потребите на консултацијата, во согласност со важечките прописи за заштита на лични податоци.

 

Доколку не се согласувате со кој било дел од овие Услови, Ве молиме веднаш да престанете со користење на Услугите. Овие Услови претставуваат правно обврзувачки договор помеѓу Вас како корисник (во натамошниот текст: „Корисник“ или „Вие“) и Давателот на услугата, со седиште на бул. Кочо Рацин 26/16, ЕМБС 7926340.

1. ПРИРОДА НА УСЛУГИТЕ И ОДРЕКУВАЊЕ ОД МЕДИЦИНСКА ОДГОВОРНОСТ

1.1. Информативен и едукативен карактер

Сите информации, препораки, совети, планови за исхрана, написи, видеа и други содржини обезбедени од Давателот на услугата имаат исклучиво информативен и едукативен карактер. Тие се наменети за унапредување на општото знаење за здрави животни навики кај здрави полнолетни лица.

1.2. Услугите не се медицински совет

Услугите и информациите понудени од наша страна не претставуваат медицински совет и истите не се наменети за дијагностицирање, третман, лекување или превенција на која било болест, медицинска состојба или нарушување во исхраната.

1.3. Задолжителна консултација со здравствен работник

Ваша исклучива одговорност е да се консултирате со вашиот матичен лекар или друг квалификуван здравствен работник (специјалист) пред, за време и по користење на нашите услуги. Примената на кои било информации или препораки од Давателот на услугата без претходно одобрение од Вашиот лекар се смета за Ваша лична одлука, донесена на сопствен ризик.

1.4. Преземање на ризик и ограничување на одговорноста

Со користењето на Услугите, Вие изрично се согласувате и прифаќате дека:

а) Го правите тоа на сопствен ризик и преземате целосна одговорност за сите Ваши дејствија и можни последици кои можат да произлезат од примената на добиените информации.
б) Давателот на услугата, неговите сопственици, вработени, соработници и застапници не сносат никаква одговорност за каква било директна, индиректна, случајна, последична или казнена штета.
в) Ова ограничување на одговорноста ја нагласува Вашата обврска за претпазливост и консултација со стручни медицински лица. Секоја штета која би произлегла од Вашето непостапување по обврската за консултација со лекар ќе се смета за штета настаната со Ваш придонес.

2. ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ

Како Корисник на Услугите, Вие се обврзувате:
а) Да ги дадете сите информации на Давателот на услугата вистинито, точно и целосно. Давателот на услугата не сноси одговорност за какви било негативни последици кои би произлегле од неточни, нецелосни или лажни информации дадени од Ваша страна.
б) Да не ги користите Услугите за какви било незаконски или неморални цели.

3. ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Сите содржини поврзани со Услугите, вклучувајќи ги текстовите, плановите, програмите, дизајнот, логоата и видеата, се интелектуална сопственост на Давателот на услугата и се заштитени со закон. Забрането е секакво неовластено копирање, дистрибуирање, репродуцирање или користење на содржините за комерцијални цели без претходна писмена согласност од Давателот на услугата.

4. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

4.1. Меродавно право и решавање на спорови

За сите прашања кои не се уредени со овие Услови, ќе се применуваат одредбите од позитивните прописи на Република Северна Македонија. Сите евентуални спорови кои би произлегле од овој однос, страните ќе се обидат да ги решат по мирен пат, а доколку тоа не е можно, надлежен е основниот граѓански суд во Скопје.

4.2. Измени и дополнувања

Го задржуваме правото да ги измениме или дополниме овие Услови во секое време. Сите измени ќе бидат објавени на нашата веб страница и/или други соодветни канали за комуникација и ќе стапат во сила со денот на објавувањето. Вашето континуирано користење на Услугите по објавувањето на измените ќе се смета за нивно прифаќање.

4.3. Ништовност на одредби

Доколку некоја одредба од овие Услови се утврди како ништовна или неприменлива од страна на надлежен суд, тоа нема да влијае на полноважноста на останатите одредби, кои ќе продолжат да се применуваат во целост. Со прифаќање на овие Услови, потврдувате дека сте полнолетно лице со целосна деловна способност и дека доброволно пристапувате кон користење на Услугите под наведените правила и ограничувања.